Story

Обликување на транспарентно управување: Како проектот SPACE ги трансформира заедниците во Албанија

Originally published by EU TACSO 3, 28 February 2025 (opens in a new tab)

Rows of young people seated at desks in a lecture hall, taking notes

Дали знаете како вашата локална самоуправа ги планира и троши парите од вашиот данок? Дали знаете како одлучува кои се приоритетите? Дали иучествувате во планирањето на годишниот општински буџет? Дали знаете дали ги исполнува ветувањата?

Благодарение на проектот SPACE, финансиран од ЕУ, граѓаните низ Албанија бараат подобри локални услуги и инфраструктура – и ги добиваат.

Во градот Каваја, 16-годишната Аријана никогаш не размислувала за тоа како јавните буџети влијаат врз нејзиното образование сè додека не станала дел од проектот SPACE. Преку иницијативата „Проактивни млади за транспарентност во буџетите за образование“, Аријана и нејзините врсници поминале обука за следење на буџетите и застапување. Со новостекнатите вештини, Аријана и нејзиниот тим го испитале училишниот буџет и откриле недостатоци во финансирањето на клучната инфраструктура во нивното училиште. Организирале јавни расправи и кампањи за подигнување на свеста, во кои учествувале над 1.000 членови на заедницата. На расправата, Аријана самоуверено ги изложила барањата на учениците пред локалната самоуправа, истакнувајќи ја потребата од побезбедни училници и подобри простори за воннаставни активности.

Нејзиниот глас беше слушнат. Локалниот совет се обврза да издвои дополнителни средства за подобрување на условите во училиштата во претстојниот буџет. Овој проект не само што ѝ овозможи на Аријана да го искаже своето мислење, туку и ја охрабри да ги инспирира другите. „Сега, моите соученици и јас знаеме дека сме дел од решението. Сакаме нашите училишта да ги отсликуваат нашите соништа“, рече Аријана гордо.

Проектот SPACE, финансиран од Европската Унија, го спроведува конзорциум од четири организации: Together for Life (TFL), BIRN Albania, Civil Resistance и Destiny Center for Excellence.  Проектот се темели на застапување засновано на докази и следење на реформите. Владите се обврзуваат да ги подобрат условите преку стратегии како Националната здравствена стратегија (2021-2030) и Националната стратегија за образование (2021-2026). Суштината на проектот е да се мобилизираат граѓаните за да следат дали владите навистина ги исполнуваат сопствените ветувања. Вклучувањето на граѓаните може да им помогне и на владите, бидејќи граѓаните често знаат што може да се направи во пракса.

Алма Лахе, раководителката на проектот, објасни: „Нашата цел не е само да ги анализираме податоците, туку и да ги вклучиме граѓаните во процесот на следење, за да се осигуриме дека реформите во здравството и образованието внимателно се следат и дека ранливите заедници не се изоставени. Клучно е секогаш да се изготвуваат применливи препораки  што навистина може да придонесат за промени.“ Преку овие активности за следење, проектот SPACE им овозможува на граѓаните да имаат јасна улога во оценувањето на успехот на националните стратегии и да придонесуваат за подобрување на политиките на локално и национално ниво.

Малите грантови доделени од проектот навистина им помогнаа на локалните организации да направат промени во нивните заедници. На пример, Фатмира, 35-годишна мајка од рурална ромска заедница, со години се соочувала со тешкотии при пристапот до здравствените услуги поради лошите патишта и инфраструктурата. „Понекогаш го носев син ми во град на итен преглед, трошејќи пари што ги немав за превоз“, се присети Фатмира.

Откако се приклучила на групата застапници на заедницата, научила како да се заложи за потребите на својата заедница. „Сега се чувствувам охрабрена. Повеќе не молчиме. Знаеме како да ги бараме услугите што ги заслужуваат нашите семејства“, рече таа. Фатмира и нејзиниот тим укажале на проблемите со загадувањето на водата и недостигот од медицински персонал, што ги поттикнало локалните власти да преземат чекори за подобрување на здравствените услуги и инфраструктурата.

Проектот SPACE продолжува да поттикнува трајни промени преку иницијативи на локално ниво и заеднички напори. Комбинацијата од зајакнување на капацитетите, подгрантови и следење на националните стратегии овозможува проектот SPACE да продолжи да нуди применливи решенија за реформа на јавниот сектор со долгорочно влијание низ Албанија. Аријана, Фатмира и безброј други покажаа дека кога на заедниците ќе им се дадат алатки за застапување и вклучување, тие стануваат моќни двигатели на промените. Успехот на проектот сведочи за преобразувачката моќ на заедничкото управување и заедничката посветеност на транспарентна иднина.

Како што рече Алма: „Сакаме преку нашите активности да создадеме култура на постојана отчетност. Не станува збор само за информирање на луѓето, туку и за нивно охрабрување да дејствуваат.“

Source tacso.eu (opens in a new tab)